Раздвижена „Мртва природа“
Креативниот ум на програмерот Скот Гарнер ја воодушеви интернет-публиката, со неговото последно и необично дело „Мртва природа“. Покажува и докажува дека и програмирањето е уметност. Сликата е само навидум статична, налик останатите од жанрот мртва природа, но ако ја искривите, 3Д проектираните предмети ќе се стркалаат во рамката.Основата на сликата секако не е платно, туку телевизор со рамен екран. Таа користи софтвер Unity 3D (развојна алатка за игри), сензори за движење и едноставна апликација програмирана во„C“, која ја создава гравитацијата. Сето ова го овозможува придвижувањето на 3Д предметите.
„Од хардверска страна има рачно направена рамка за телевизорот, кој е поврзан со ротирачка подлога од Ergomart. На задниот дел од телевизорот е прикачен сензор. Од софтверска страна пак, е користена едноставна апликација направена во програмскиот јазик „C“ за комуникација со сензорот и за пренесување на податоците до Unity 3D-сцената. Самата сцена се состои од камера поврзана со сензорот и со сите светла и предмети кои ротираат усогласено“, објаснува Гарнер.
Преку следното видео, погледнете како бил создаден овој проект и како тој функционира:
Проектот е финансиран од компанијата Superfad Seattle.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.