Рајска куќа на совршена локација

Рајска куќа на совршена локација

На островот Форментера во Шпанија можете да наидете на многу интересни и релаксирачки куќички, но оваа некако е направена со посебен шмек. Форментера е остров кој до 15 век не бил населен и за разлика од најблискиот соседски остров, бучната Ибица, овој нуди навистина мирен и пријатен одмор.Рајска куќа на совршена локацијаОвој стил на архитектура можете да го видите по целиот остров. Куќите се градат едноставно, само од дрво и ѕидови од гипс. Низ целата куќа доминираат елементи изработени од дрво, а кровот на некои места е направен само од трска. Тоа е така бидејќи на овој остров речиси и да не врне.Рајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаВо куќата има едноставна трпезарија, интересна кујна, прекрасна спална и неодолив двор. Можеби естетски средениот двор е токму тој кој најмногу плени. Целиот е покриен со дрвен патос како бродска палуба, а малиот базен и меките лежалки со многу перници само ја надополнуваат совршената слика. Прекрасно рајско место, во кое може да се ужива додека се лежи под сенките од палмите и се пие освежителен коктел.Рајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локација


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар