Рачно изработени прстени кои ја покажуваат архитектонската убавина на светските метрополи
Златарката Ола Шектмен создава деликатен и импресивен накит инспириран од омилените светски пејзажи на големите градови. Секои 2 до 3 години, Ола се сели во различни метрополи и дозволува околината што ја опкружува да прерасне во нејзините креативни идеи. Таа рачно ги топи, кова, превиткува и полира металите за да создаде прстени кои ја рефлектираат архитектонската убавина на светот, нагласувајќи ги најголемите монументи и знаменитости кои им се познати на скоро сите.
Токму овие препознатливи детали кои се дел од дизајните на Ола се и најпривлечниот и највпечатливиот аспект на нејзината уметност и вештина, бидејќи им дозволуваат на потрошувачите да ги носат со себе популарните знаменитости од нивните омилени градови, како Лондон, Париз, Њујорк, Берлин, Хонгконг, Вашингтон, Чарлстон, Бостон, Сан Франциско, Амстердам, Стокхолм и Единбург.