Рачно изработени новогодишни честитки

Рачно изработени новогодишни честитки

Замислете го задоволството кога ќе добиете нешто што е рачно создадено. Веднаш знаете дека е направено со многу љубов и внимание, токму за вас. Тоа е вистинско уживање и за вас и за оној што го направил тоа за вас.

Празниците што доаѓаат се одлична прилика да направите нешто рачно за вашите најблиски. Ако имате слободно време, желба и мотив, почнете уште од оваа Нова година. Испробајте се со нешто лесно и едноставно што знаете дека ќе ги израдува оние за кои ќе биде наменето.

Новогодишните честитки ги радуваат сите. Уште повеќе, ако се рачно направени. Со неколку базични техники и материјалчиња со убави бои и дезени, за кратко време ќе станете експрет за рачно изработени честитки. Идеите се насекаде околу вас, а потребните материјали може да ги набавите по достапни цени на разни места.

Рачно изработени новогодишни честитки

За да направите новогодишна честитка од овој тип, потребни ви се:

  • хамер во беж боја
  • лист во зелена боја
  • лист во црвена боја
  • лист во кафена боја
  • лепак
  • ножички

Од хамерот исечете парчиња со ширина 14 см и висина 20 см. Парчињата хамер преклопете ги кон средината, како честитка, за да може да се отвора. На листот со зелена боја, со молив нацртајте неколку ливчиња, а на листот со црвена боја нацртајте крукчиња. Од кафениот лист исечете долги ленти, како гранки. Земете го исечениот хамер и на него поставете една гранка, неколку ливчиња и црвени топчиња, колку да видите како ќе изгледа кога ќе почнете да лепите.  Откако делчињата ќе ви изгледаат убаво поставени, прво залепете ја гранката. На неа, внимателно поставете ги ливчињата и залепете ги преку едно црвено топче кое ќе го залепите над ливчињата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар