Рачно изработени играчки кои изгледаат како да се живи
Сантани, 23-годишна девојка од Москва, Русија, создава импресивни реалистични животни-играчки. Овие креативни суштества се комбинација од морничаво, слатко и неверојатно. Играчките се направени од различни видови материјали, но она што навистина се истакнува кај нив е уникатната креативност на артистката како и нивото на детали со кои се изработени.
Кога талентираната Сантани ги направила, се надевала дека ќе им се допаднат на луѓето, но никогаш не очекувала дека ќе добие олку голем одѕив. Досега има примено стотици нарачки за нејзините необични креации. Наскоро тие ќе се најдат и на „Etsy“ од каде што ќе можете онлајн да ги порачувате, но сега засега сите порачки одат директно преку артистката.
Мора да признаеме дека Сантани целосно го совладала концептот на создавање неодоливост. Погледнете ги овие неверојатни животинки кои изгледаат како да се живи…