Пустинска роза: Инспирација за Националниот музеј на Катар

Пустинска роза: Инспирација за Националниот музеј на Катар

Инспирацијата за зградата на Националниот музеј на Катар чиј проект е потпишан од Жан Нувел, била „пустинската роза“, вид кристал што создава необични фигури што наликуваат на цвет од роза. Благодарение на проектантскиот тим предводен од добитникот на Прицкеровата награда, Катар доби објект што на вистински начин го одразува духот на времето во оваа земја, притоа претставувајќи ја и неговата амбиција за иднината.

Пустинска роза: Инспирација за Националниот музеј на Катар

Градењето на музејот траело повеќе од една деценија, а бил дизајниран со идеја да ја раскаже приказната за историјата на оваа земја. Објектот што се одликува со сложени форми бил изграден под водство на архитектот Жан Нувел, добитник на Прицкеровата награда, а како инспирација послужила „пустинската роза“. Станува збор за минерална формација што се формира преку кристализација на минералите под површината на солените базени и е карактеристичен феномен за катарската пустина. На отворањето на музејот, Нувел истакнал дека значењето на архитектурата доаѓа до израз преку нејзината моќ да го одразува духот на времето.

Формата на објектот

Сложената форма на објектот што се одликува со големи дискови кои се сечат под различни агли е постигната со челична конструкција обложена со бел бетон со арматура од фиберглас. Инспирацијата за оваа сложена структура е во пустинскиот минерал, но целта не била само да се постигне посакуваната форма. Наизглед случајно наредените дискови се дизајнирани за да обезбедат заштита од сонцето во внатрешниот двор.

Пустинска роза: Инспирација за Националниот музеј на Катар

„Прорезите“ помеѓу дисковите се затворени со стаклена површина и нудат поглед кон музејската градина и блискиот залив Доха. Посетителите на музејот се движат по траса долга околу 1,5 километри по која хронолошки е прикажана историјата на Катар, почнувајќи од периодот кога островот сè уште не бил населен па сè до денес. Просторот помеѓу изложбените простори и музејските поставки се одликува со максимална хармонија.

Пустинска роза: Инспирација за Националниот музеј на Катар

Откако прочитавте за неверојатниот дизајн на Националниот музеј на Катар, ви препорачуваме да продолжите со музеите со иконска архитектура што секој би требало да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар