Психолог создава неверојатни надреални светови инспирирани од работата на познати режисери
Покрај сите клинички психолози во светот, ниту еден не може да се мери со Сирил Роландо кога станува збор за дигитално сликање. Тој работи под псевдонимот Aquasixio и неговите дела вклучуваат покажување на емоционалниот аспект на луѓето и боите на животот. Балансирајќи помеѓу фантазијата и надреалното, Роландо ја опишува својата работа како вонземска и ние без сомнение се согласуваме со него.
„Тим Бартон и Хајао Мијазаки се коренот на мојот сопствен свет“, вели тој.
Погледнете дел од неговите неверојатни дела кои ќе ве одведат во еден сосема поинаков свет, исполнет со многу емоции и топлина.