Првиот Старбакс во Италија ги изненадува љубителите на кафето со неверојатен дизајн
Како може најголемиот синџир за кафе во светот да се пробие во држава што има своја сопствена кафе-култура? Тоа било прашањето со кое се бореле сопствениците уште пред да ја отворат кафетеријата во Милано. Соочени со многу скептицизам од страна на Италијанците, што уживаат во совршеното еспресо и имаат длабока поврзаност со нивните локални кафетерии, компанијата била пречекана со многу високи стандарди. И кога конечно се отворил првиот Старбакс во Милано, сите љубители на кафето биле воодушевени од самиот дизајн.
Лоциран во историска зграда што порано била пошта, богато дизајнираниот ентериер ги спојува традиционалното и сестраното, правејќи комбинација од тоа што е вистински италијанско со останатиот свет. Погледнете ги следните фотографии и ќе посакате следниот викенд да го поминете токму тука, во срцето на Милано, пиејќи вкусно Старбакс еспресо!
Пробајте го и овој рецепт за оригинално италијанско кафе од областа Фриули.