Првата куќа во светот која е изградена да издржи напад од зомбиња
Овој иновативен проект наречен „Безбедна куќа“ е дизајниран од полското архитектско студио „KWK Promes“. Главната цел на дизајнот е сопственикот да се чувствува максимално безбедно во својата куќа и токму поради тоа таа наликува на модерна тврдина која е скриена зад непробоен ѕид. Но, она што навистина изненадува е дека, и покрај ваквата заштита, оваа куќа е истовремено и прекрасна отворена вила.Куќата има форма на правоаголна призма со надворешни ѕидови кои можат да се движат. Кога куќата се отвора кон градината, источните и западните ѕидови се движат кон надворешната ограда и создаваат мал двор кој е затворен од сите 4 страни. Откако ќе ја поминете главната порта, морате да почекате во оваа безбедна зона пред да добиете дозвола за влез во куќата. На овој начин, истовремено не постои никаков ризик некој да провали во домот ниту пак, децата да истрчаат неконтролирано на улица додека си играат во дворот.Безбедната куќа е идеален дом за сите оние кои сакаат приватност и безбедност. Или пак, доколку некогаш навистина се оствари некое од илјадниците предвидувања за апокалипси како на пример, светот да го освојат зомбиња, тогаш не постои подобро место на кое би можеле да преживеете… 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.