Прошетка низ светот од двојна перспектива преку објективите на еден пар
Питер Седласик и Зузу Галова направиле нешто сосема ново и креативно со своите фотографии од летниот годишен одмор. Станува збор за интересен проект наречен „Lens Between Us“, кој се состои од фотографии на кои и двајцата истовремено се фотографираат помеѓу себе. Оваа серија нѐ носи на прошетка низ светот преку двојни фотографии кои покажуваат различна гледна точка во исто време, покажувајќи ни ја приказната и зад фотоапаратите.
Разиграната работа на овој пар ни нуди интригантен поглед кон светот, по две уникатни перспективи од секоја локација. Преку очите на Седласик и Галова, гледачите можат да истражуваат музеи, плажи, градини, продавници и други туристички атракции во земјите како Сингапур, Португалија, Германија и Австралија. Проектот исто така ја истакнува и поврзаноста на парот, така што нивните фотографии ни покажуваат дека тие секогаш се во центарот на нивното внимание, без разлика на локацијата во светот…