Пролетно освежување: 6 начини да внесете повеќе светлина во вашиот дом
Пролетта е речиси овде. Денот полека се издолжува, а време е и да ги спакувате вашите зимски чизми и да поминувате повеќе време на отворено. Но, не треба да заборавите и на вашиот ентериер. Пролетта со својата убавина ги освежува вашите умови, а со тоа вие освежете го вашиот простор, дајте му повеќе светлина и уживајте со вашите најмили. Еве 6 лесни начини на кои можете да го направите тоа.
1. Изберете слика
Изборот на слики со кои ќе го пополните слободниот простор, може да бидат одраз на вашата личност. Без разлика дали повеќе ве привлекува уметност или пак сакате во вашиот дом да гледате фотографии од омилените места и ликови, дајте им приоритет на оние кои го одразуваат начинот на кој сакате да се чувствувате.
2. Палета на бои
Палетата на бои на фотографиите игра голема улога во целокупниот изглед на вашата соба. Пастелните и неутрални бои ќе направат вашиот простор да изгледа посветол и полн со воздух, а исто така ќе создава и чувство на топлина. Што се однесува до декорацијата на ѕидот во одредена соба, одлучете се фотографиите да бидат во слични тонови. Друг начин да ја осветлите вашата просторија е да изберете фотографии кои се едноставни.
3. Менувајте ги фотографиите
Кога ќе избирате фотографии за вашата соба, имајте предвид дека тие да може лесно да се менуваат. Доколку сте расположени и сметате дека можете да го направите тоа, најдобро е да изберете 12 карактеристични фотографии кои ќе ги менувате секој месец.
4. Клучот лежи во едноставноста
Ако имате чувство дека вашиот простор е премногу натрупан, тогаш треба да отстраните некои работи. Дали имате некои застарени фотографии на вашиот ѕид? Или пак некои кои веќе го изгубиле своето значење? Одвојте време и оттргнете ги оние работи кои додаваат негативност во вашиот простор. Одржувајте го среден и ќе почувствувате подобрена енергија.
5. Целете кон височината
Многу е важно да ја земате предвид и висината каде што ќе ја закачите вашата уметност. Ако закачите нешто повисоко на ѕидот, тоа ќе го привлече окото малку погоре и ќе направи просторот да се чувствува поотворен. Консултирајте се со вашите членови на семејството која висина најмногу ви одговара.
6. Изберете соодветна рамка
Треба да знаете дека изборот на рамката многу влијае на тоа како ќе изгледа вашиот простор. Дрвените рамки и белата боја може да додадат светлина на вашиот ѕид во што ќе можете да уживате во текот на целата година. Можете да изберете и поголеми рамки од големината на вашата фотографија и да додадете прекрасен изглед на вашата креација.
Погледнете и кои 12 работи во вашиот дом ве прават несреќни.