Пролетна инспирација: Мали, нежни цветни тетоважи
Пролета веќе пристигна, а летото не е толку далеку, што значи дека сѐ што е со цветен дезен е задолжително, вклучувајќи ги и тетоважите. Оние кои ви ги нудиме како инспирација се вистинска уметност. Од тенки цветни детали во пастелни бои до 3Д билки во зелени бои, а вие ќе се заљубите во секоја од нив.
Сметаме дека уметноста на телото е важна како и кое било друго сликање на платно или на хартија, а потребна е подеднаква количина вештина и креативност.
Им се восхитуваме на сите уметници кои создаваат прекрасни креации на човечката кожа, а овие креации кои се инспирирани од прекрасни цветови и билки ќе ве воодушеват и веднаш ќе посакате да се истетовирате.
Доколку сакате да истетовирате нешто, а тоа да не бидат цветови, тогаш ви предлагаме да ги погледнете овие мали тетоважи со одличен ефект.