Пролетна инспирација: Како да го организирате и декорирате вашето модно катче?
Секоја девојка сака во својот дом да има катче во кое ќе може да биде сама со себе и да ужива во мир и тишината. Со самото тоа, бидејќи е во прашање уживањето и релаксацијата, потребно е тоа катче да биде пријатно и убаво декорирано, за да поттикне уште подобро расположение. Уште кога ќе видите на социјалните мрежи како модните блогерки и дизајнери прекрасно и шик ги организираат своите гардеробери и одредени агли од просторијата, најверојатно и самите посакувате да имате нешто такво што ќе биде само ваше. Ние малку истражувавме и пронајдовме одлични идеи кои можете да ги искористите за да создадете само ваше модно катче.
1. Палетите се секогаш добра идеја , а сега можете да ги пронајдете по ниска цена. Наместо обична, одлучете се за бела палета, кој изгледа доста привлечно и модерно, а заедно со неа комбинирајте бели закачалки на кои ќе ги закачите вашите омилени фустани и блузи. На дното можете да додадете некој материјал кој е поцврст, па на него да ги поставите вашите обувки. Со малку труд ќе добиете одлична декорација за вашата соба и модно катче кое секогаш ќе измамува насмевка на вашето лице.
2. Кога сме веќе кај палетите, она што можете да го направите доколку имате слободен ѕид во вашата соба е да поставите едноставни полици по должина на ѕидот. Тие ќе ви служат за складирање на мали работи, аксесоари, а воедно добивате и можност дополнително да ги декорирате со некои ламбички, декоративни свеќи или со нешто друго.
3. Ова е одлична идеја за складирање на очилата за сонце, така што секогаш ќе ви бидат при рака, а плус ќе ја разубават вашата соба или гардероберот. Земете една закачалка за облека и закачете ја на ѕидот, а потоа на неа поставете ги очилата кои секогаш ќе ви бидат подготвени за носење.
Преминете на следната страница за повеќе идеи…