Прогресијата на еден уметник од 2 до 24 години
Автор: Ана Петровиќ
Понекогаш кога ќе погледнеме неверојатни уметнички дела, прво што ни паѓа напамет е вродената дарба која ја поседува самиот уметник. Овие фотографии се доказ за тоа дека секој може да создава воодушевувачка уметност доколку напорно работи на својот талент.
Џејк Локет е уметник којшто црта уште од 2-годишна возраст, а на неговиот веб-сајт објави галерија со фотографии од развојот на неговиот талент кој го поседува уште од своите најрани години.
Секоја година неговата уметност се развива во нагорна линија, подобрувајќи се во техничка и креативна смисла – од детски цртежи и едноставни форми па сè до неверојатни надреалистични дела.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.