Професор од 70-тите им направил прекрасни интимни портрети на неговите бунтовни средношколци
Пред Џозеф Сабо да стане светски познат фотограф, тој бил професор во средно училиште во Лонг Ајленд. Уште на првиот работен ден тој сфатил дека ќе треба да направи нешто интересно за да го привлече вниманието на учениците. Па токму затоа, тој донел фотоапарат.
„Немав никаков план околу фотографирањето. Не помислив дека ќе заработам пари од тоа, туку само сакав да се поврзам со младите луѓе. Мислам дека моите фотографии се со автентичен квалитет затоа што многу луѓе можат да се пронајдат во нив. Отсекогаш сум се трудел да ги фатам личните моменти на искрен начин за да им покажам на луѓето точно што прават. Ќе видите како некои од нив седат на скалите од училиштето и пушат цигара или мавтаат со раце додека висат од автомобилот и велат ’Ова е мојот последен училиштен ден и никогаш повеќе нема да се вратам назад!’. Некои скокаат во воздух од возбуда поради музиката што ја слушаат….“, објаснил фотографот.
„Сите овие модели и моменти имаат големо значење за мене. Тие ми помогнаа да ги разберам луѓето и ми дозволија да се зближам со нив низ годините. Се надевам дека и тие имаат некакво значење за другите луѓе“, завршил Џозеф.
Погледнете ги овие прекрасни фотографии од младите бунтовници од 70-тите кои сигурно ќе ви го разбудат бунтовничкиот дух и ќе ве натераат да размислувате за вашата младост…
Во продолжение, погледнете ги и овие интимни портрети кои ќе ве допрат до душата.