Природни портрети изработени со цветови, листови и гранки

Природни портрети изработени со цветови, листови и гранки

Во овој интересен проект, артистката Вики, позната на социјалните мрежи како „Sister golden“, не користи никаков прибор за работа и помошни материјали како што се лепилото или лентите, туку само природата. Сите парчиња во овие неверојатни портрети доаѓаат директно од земјата. Таа вели дека тоа е нејзиниот начин да оддаде ѝ почит на мајката природа.

Природни портрети изработени со цветови, листови и гранки

„Паднат лист завршува веднаш во мојата торба, бидејќи подоцна може да биде веѓа или уво од куче. Листовите од розата можат да станат усни. Собирам гранчиња кои можат да послужат како образ или брада. Можностите се бесконечни! Има слобода во тоа што знам дека сѐ што правам е привремено“, објаснува таа.

Природни портрети изработени со цветови, листови и гранки

Откако ќе заврши, внимателно, заедно со својата ќерка Брук, го документира секое парче со фотографија, за да не го растури распоредот на работите на масата. Наредниот чекор е да се рециклира сѐ во природата или да се искористи во наредниот проект. Вики вели дека секое парче за неа има терапевтски ефект и ја тера да го поминува времето надвор, пешачејќи и обрнувајќи внимание на нејзината околина.

Природни портрети изработени со цветови, листови и гранки

И што е најдобро, сите можат да го прават тоа. Сѐ што треба да направиме е да ја разгледаме околината и да погледнеме каде може да нѐ одведе нашата креативност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар