Принцезите од цртаните филмови на Дизни во реалниот свет
Јирка Ваатаинен е студент по уметност кој многу умешно ги нацртал познатите принцези од цртаните филмови на Дизни како вистински жени. Неговите фото-реалистични манипулации се успешен обид да се доловат овие прекрасни ликови во реалниот свет.
Ова серија на фотографии започнала сосема случајно, откако тој ја нацртал Урсула од „Малата Сирена“.
„Отсекогаш сум го сакал тој лик многу, па си поставив пред себе еден предизвик. Толку ми беше забавно што не можев да престанам… и еве што се случи. Немам некој голем план околу овие илустрации, па затоа ќе продолжам да се забавувам и да ги претставувам ликовите од кои лично сум инспириран“ – вели тој.
Тој наоѓа слики од ликот кој сака да го нацрта и ги комбинира во Фотошоп.
„Не ги базирам ликовите на само една слика или една личност. Собирам и одбирам повеќе слики, ги комбинирам и ги соединувам. Потоа дигитално доцртувам за да добијам една убава целина.“