Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Како илустратор на детски книги и дизајнер на ликови за анимација и анимирани филмови, но и голем љубител на класичните бајки од Дизни, Аноша нацртала една серија илустрации во кои ги прикажува познатите принцези како млади девојки од 21-от век. Таа се обидела да ја задржи автентичноста на оригиналните карактери на принцезите, паралелно претставувајќи го нејзиното мислење за нив и после секоја илустрација напишала мала приказна која опишува каков живот би имале тие ако би живееле во денешно време.

1. Мерида како панк рокер

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Според приказната на Аноша, Мерида е млада бунтовничка која сака да јава коњи секој викенд и да зема часови по стрелаштво. Таа го обожава британскиот панк рок и нејзиниот омилен бенд е „Mor’du“.

2. Снежана како кралица на социјалните мрежи

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Снежана, уште позната како @poison_apple7, ја сака природата, старата мода и старите филмови. Таа никаде не оди без својот ајфон и има голем број следачи поради нејзината скромна природа и фактот што ги охрабрува сите да се сакаат себеси, бидејќи убавината доаѓа во секакви форми и големини.

3. Ариел како антрополог

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Според Аноша, Ариел сака да учи за луѓето и различните култури. Нејзиниот татко нема да биде многу среќен кога ќе дознае дека таа студира антропологија, бидејќи тој отсекогаш сакал Ариел да биде морски биолог, но сепак ќе ги прифати и почитува желбите на неговата омилена ќерка.

4. Покахонтас како лингвист

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Покахонтас, поради љубовта кон различните јазици и нејзиното потекло, е студент по лингвистика и повремено работи како преведувач. Исто така, таа го сака адреналинот и обожава да планинари, да кајакари и да нурка. Нејзиниот сон е да работи како културен советник во филмската индустрија за да може да се погрижи дека холивудските филмови ќе ги почитуваат различните култури и ќе ги прикажуваат точно и оригинално.

5. Есмералда како балерина

Принцезите на Дизни како модерни девојки од 21-от век

Според приказните на Аноша, Есмералда се преселила во Франција кога имала 16 години и станала главна балерина во една престижна балетска компанија. Таа напорно работела и се соочувала со многу предрасуди и стереотипи, но никогаш не ги заборавила своите корени. Затоа таа секогаш присуствува на протестите за права на емигрантите. Таа го обожава Париз, но нејзиното омилено место е Богородичната црква.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар