Пресмешни илустрации од јапонски артист: Секојдневните проблеми во животот на еден мрзливец
Мрзливците се многу интересни суштества, а за јапонскиот артист Кеиго тие се непресушна инспирација за креирање хумористични арт илустрации.
Сите знаеме дека мрзливците се бавни и по малку смотани, но тие се всушност одлични пливачи и спијат само по 10 часа на ден. Сепак, тие поголемиот дел од денот го поминуваат на дрво, па во своето „слободно време“ ретко одат да пливаат. Интересно за овие животни е што тие вршат голема и мала нужда само еднаш неделно, и тоа секогаш на истото место, секогаш во истото време.
Илустрациите на Кеиго се смешни и прониклви и во нив се портретирани мрзливците кои сакаат да ги завршуваат работите полека и без брзање. Хуморот на овој артист е присутен во секоја од илустрациите подолу, а доколку сакате да ја следите неговата работа, придружете им се на останатите 850.000 следбеници на Инстаграм.
Повеќе забавни илустрации на следната страница…