Креативно прекриени тетоважи од бивши партнери
Раскинувањата се навистина емоционално исцрпувачки, особено ако ве оставиле со траен потсетник на бившиот партнер. Тетовирањето на лицето, иницијалите или името на партнерот е навистина лесно, но ослободувањето од тетоважата може да биде проблем.
За среќа, постојат навистина креативни артисти кои можат да ја претворат несаканата тетоважа во нешто ново и да им помогнат на луѓето да ја преболат врската.
Речиси сите што сакаат да покријат тетоважа се отворени за модификации со кои целосно ќе ја прикријат. Покомплексниот дел од дизајнот на прекривање се ситните детали и сенчењето, а колку повеќе длабоки бои има на тетоважата, толку поубава ќе излезе.
Воглавно, новиот дизајн е поголем од старата тетоважа со цел да има подобра покриеност. Тату артистот може да предложи и неколку третмани со ласерско отстранување. Причината е да се осветли старата тетоважа, со што ќе се покрие полесно. Во продолжение погледнете неколку одлично изведени покривања на тетоважи.
Продолжува на следната страница…