Прекрасни тетоважи кои прикажуваат надреалистички пресврт во животот на растенијата и животните
Јоана Швирска е тату артистка од Полска која создава зачудувачка уметност на телото инспирирана од растенија, животни и малку надреализам. Нејзините уникатни дизајни честопати содржат мешавина од овие различни елементи во посебен илустративен стил што користи задебелена, црна линија и различен избор на бои.
Швирска прикажа неколку нејзини најдобри дела на својот профил на Инстаграм. Тоа се прекрасни и големи тетоважи на рацете и нозете, како и помали дизајни на рамото или глуждот. И додека секоја тетоважа е прилагодена на стилот и потребите на клиентот, уметничката е позната по некои нејзини повторливи отиви, од кои едната е графички преглед на папрат на црна позадина.
Погледнете ги и овие неверојатни тетоважи кои се трансформираат кога луѓето ги движат своите тела.