Прекрасни силуети на зајдисонце
Фотографот Ирвинг Лубис, кој го користи уметничкото име Pink Sword (Розов Меч), е авторот на овие прекрасни фотографии. И покрај тоа што еден од најголемите предизвици во фотографирањето е да се слика додека објективот е насочен кон Сонцето, Ирвинг тоа го користи како предност. Додека траат спектакуларните моменти од заоѓањето на Сонцето, тој својот фотоапарат го вперува кон изворот на светлина користејќи го како средство за да дојде до силуети со кои раскажува по некоја приказна.

Си одиме дома

Борба

Лечење на светот
За Ирвинг за сега се знае дека „сака пријателства“ и дека живее во Индонезија. Сè друго поврзано со него останува мистерија.

Ме сакаш ли?

Молитва

Пауза

Последниот обид

Воин

Копање

Номад

Игра

Јавач
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.