Прекрасни огромни риби од пластични шишиња
Прекрасната уметничка инсталација која прикажува три огромни риби е поставена на плажата Ботафого во Рио де Жанеиро, Бразил. Скулптурите се направени со цел да го привлечат вниманието на јавноста на неодамна одржаната конференција Рио +20.На оваа конференција се сретнаа светските лидери и илјадници други учесници од владиниот, приватниот и невладиниот сектор со цел да најдат начини да ја намалат сиромаштијата, да го подобрат квалитетот на општествениот живот и да ја заштитат природата од брзорастечкиот пораст на популацијата на земјата. Слоганот кој ги придружува овие величествени скулптури од рециклирана пластика гласи: „Препознајте го нивното место“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.