Прекрасни фрагменти од дрво претворени во брилијантен и уникатен накит
Инспирирана од австралиската флора и фауна, Брита Бокман спојува фрагменти од дрво со обоена смола за да добие прекрасни додатоци кои можат да се носат. Секој брош, прстен и пар обетки се рачно направени и уникатни – Бокман работи без одреден шаблон – наместо тоа, таа има цел да ги нагласи природните карактеристики на секое парче преку материјалот од кое е направено. За да го направи ова, таа нежно му дава облик на накитот и потоа додава политура за дополнителен сјај. Конечниот резултат се прекрасни бои споени со парчиња дрво.
Бекмен започнала да прави накит откако дипломирала индустриски дизајн. Во 2013, таа се преселила од Германија во Мелбурн каде се придружила на групата дрводелци Вангарата и научила голем број фабрички техники. Нејзиниот накит е достапен преку нејзината онлајн продавница.