Прекрасни фотографии со хулахопи во кои не можеме да престанеме да гледаме
Кога Грант Мелори и неговата вереница Марија Џејкоб одлучиле да појдат на патување низ САД, не заборавиле да си ги понесат и нивните страсти со себе. За Мелори, тоа значело пакување на неговиот фотоапарат. Но, Џејкоб понела нешто не толку очекувано – нејзиниот хулахоп со ЛЕД светла.
За време на нивното патување, парот ги поврзал нивните страсти што резултирало со воодушевувачки фотографии со хулахоп на преубави места. Џејкоб го завртувала хулахопот, додека Мелори ги ловел прекрасните светлосни шаблони обиколени од убавината на природните пејзажи.
„Понекогаш нè врнеше, беше смрзнувачка ладно или бевме преплавени од комарци, или едноставно не го наоѓавме она што го баравме како позадина“, вели Мелори.
Но, и покрај предизвиците со кои се соочиле, фотографиите кои ги добиле како резултат на нивната заедничка страст сериозно го одземаат здивот. Уверете се!