Прекрасни фотографии што изгледаат како слики
Неверојатно изгледаат зимските пејзажи на Гурам Доленјашвили нацртани само со молив и фотореалистичните портрети на Хуан Франтиско Касас изработени со сино хемиско пенкало. Кога ги гледате, се прашувате дали се работи за цртеж или фотографија. Интересен е и концептот кој ги поврзува фотографиите и цртежите, но на поинаков начин, со доцртување на дел од просторот во самата фотографија. Повторно е време да се запрашаме, дали она што го гледаме е слика или фотографија. Овој пат одговорот е повторно изненадувачки, но приказната за концептот е различна.
Барбара Кол е самоук фотограф, која се занимава со оваа професија уште од 1987 година, кога користела обичен фотоапарат – Polaroid Spectra.
Во 1993 година, една слика од Лусиен Фројд ја инспирирала да го промени правецот на својата работа. Оттогаш фотографира создавајќи дела кои се на границата помеѓу слики и фотографии.
Нејзината серија „Насликани дами“ (Painted Ladies) е просто воодушевувачка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.