Прекрасни фотографии од луѓе кои ја напуштиле цивилизацијата
Некои луѓе „бегаат“ во природата за време на викенди, или ако имаат среќа дури и неколку пати неделно. Други одлучуваат да живеат во дивината во изолација. Настрана од населените места и од модерното општество, тие ја имаат слободата да мислат за себе и да го живеат животот онака како што сакаат.
Ова е фокусот на рускиот фотограф Данила Таченко која ја направил оваа серија фотографии наречена „Бегство“. Таченко одел низ руската и украинската дивина за да ги сретне овие луѓе и да го забележи нивниот уникатен стил на живеење. Невозможно е да ги гледате фотографиите и да не размислите за влијанието на општеството. Ако семејството, медиумите и религиските институции не ви кажале што да мислите, како да се однесувате и во што да верувате, каква личност ќе бевте денес?
Самиот Таченко си го поставил истото прашање и рекол:
„Училиште, работа, семејство – штом ќе влезете во овој циклус, вие сте затвореник на вашата позиција. Треба да бидете прагматични и силни, или да станете лудак. Како да останете вие сред сето ова?“
Продолжува на следната страница…