Прекрасни фотографии од Дубаи направени од врвовите на високите згради
Вадим Макхоров дефинитивно е авантуристички дух! Рускиот фотограф освојува интересни, необични и тешко достапни места со цел да направи убави фотографии од креативна перспектива. Качувајќи се по високите згради без никаков страв, тој ни овозможува да уживаме во овие прекрасни глетки.
За време на своите патувања, тој решил да го фотографира и Дубаи. Овие фантастични фотографии сведочат за тие патувања кои ги документирал заедно со неговите пријатели.
Оваа пролет, тој и двајца негови пријатели предизвикаа вистински хоас, кога успеаја да се качат на врвот од пирамидите во Египет, одбегнувајќи ги вооружените стражари, притоа прекршувајќи го законот.
Талентираниот фотограф за оваа постапка изјави:
„Не сакавме да навредиме никого. Само го следевме сонот.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
SAKAM I JAS TAKVI SLIKI DA NAPRAVAMM :(((((
Pingback: Dubai- City between dream and reality | Style Motivation