Прекрасни диорами што нудат поглед во шарените морски длабочини
Артистката Селин Шеврел „заробува“ цели светови зад стакло. Нејзините диорами инспирирани од океанот се направени од слоеви исечена хартија кои се поставени во опкружување богато со детали. Таа ги нарекува „љубопитни кутии“ и нејзините мали скулптури даваат 3Д приказ за животот на китовите, медузите, пираните и многу други морски суштества.
Селин ги користи нејзините вештини како илустратор на книги за деца за да раскаже цела приказна во диорамите. Ова најмногу се забележува во дизајнот на суштествата. Сите имаат разни карактеристики, како на пример весел кит што минува на океанското дно, или група риби кои се подготвуваат за вкусна ужина.
Многу од нејзините дела се направени во винтиџ конзерви, а на некои сè уште стои и капакот. На овој начин секогаш кога ќе ги отворите се соочувате со чудни, но и познати видови.
Продолжува на следната страница…