Прекрасни цртежи на стебла од дрвја ја отсликуваат нивната природна средина
Артистката Алисон Моритсугу ја опфатила суштината на Мајката природа во нејзините неверојатни цртежи. Овие дела ги вклучуваат дрвјата како субјекти, но и како платно за цртање. Нивната природа ѝ овозможува на артистката да црта директно врз дрвјата, создавајќи реалистична слика која ја истражува историјата на пејзажите во Америка. Алисон им дозволува на гледачите да видат каква била Америка кога првите луѓе дошле, додека истовремено им пркоси на деструктивните ефекти од индустријализацијата.
Важно е да се спомене дека артистката ги користи само оние дрвја кои природно паднале по бура или пак, кои други луѓе веќе ги исекле со цел да ги искористат за нешто друго. Таа одвреме-навреме користи и загрозени видови со цел да ја направи својата работа уште помоќна. Погледнете дел од нејзините неверојатни дела…