Прекрасната готска капела на Универзитетот Кембриџ претворена во небо полно со ѕвезди
За време на еден добротворен настан кој се одржувал на Универзитетот Кембриџ, дигиталниот проекциски артист, Мигел Шевалиер ја претворил универзитетската капела во прекрасна позадина за неговото лајт-шоу. Како што секој говорител зборувал на својата тема, така капелата се исполнувала со проекции кои на уметнички начин ги доловувале нивните цели.
Проекциите, посебно дизајнирани за ентериерот на капелата, или ја нагласувале или ја сокривале необичната архитектура на градбата. Оваа капела, која датира од 16 век, е една од најдобрите примероци на архитектура во светот која е комплетно вертикална, па затоа вредело да се види уште пред да послужи како позадина за проекциите на Шевалиер.