Прекрасна вила на швајцарските Алпи
За оние кои се љубители на планините и снегот, оваа прекрасна вила сместена на швајцарските Алпи ќе претставува вистински рај за очи. Оваа фантастична зимска резиденција се наоѓа во пејзажното село Цермат, Швајцарија и нуди неодолив поглед кон врвот Матерхорн.
Вилата е наречена „Zermatt Peak“ или „Врвот на Цермат“, а се наоѓа во близина на центарот од селото. До неа се пристигнува преку приватен влез или преку тунел со лифт. Во неа има 5 луксузно опремени спални соби со купатила, голема кујна, дневна соба, библиотека, винарска визба, соба за скијачка опрема и велнес-центар кој го зафаќа целото приземје.
Вкупната површина на просториите изнесува 778 квадратни метри, на кои се придодаваат уште дополнителни 120 од балконите.
Велнес-центарот вклучува соба со пареа, сауна, џакузи и фитнес-сала. Вилата функционира како хотел, па така таа може да биде изнајмена, но има можност и да биде купена за цена од 22 милиони американски долари.
Досега во оваа вила имаат гостувано многу познати личности помеѓу кои Мадона, принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт, дел од членовите на познатото италијанско семејство Ањели и многу други.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.