Претходно
Прекрасна вила на француската ривиера
Датум: 18 фев 2013
Коментари: 0
Оние кои ја обожаваат француската ривиера не можат да останат рамнодушни на оваа вила. Не само што е луксузна и модерно уредена, туку секоја од нејзините пет спални има спектакуларен панорамски поглед врз прекрасното француско крајбрежје.
Сместена е на височините на Вилфранш, на само 30 минути возење од Монте Карло. Има повеќе тераси кои се надвиснуваат над стрмнините, а меѓу нив се наоѓа и базен кој нуди незаборавен поглед кон Медитеранот. Внатрешноста, пак, делува модерно и раскошно со минималистичкото уредување и со смели бои кои даваат живост и енергија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.