Прекрасна рециклирана уметност од стари клучеви и парички
Дури и фрлените клучеви и парички може да се претворат во прекрасна уметност доколку постои креативност и соодветно знаење. Мајкл (Moerkey) од Австралија го прави токму тоа – ги претвора фрлените клучеви и парички во шишиња, абажури и други преубави рециклирани метални структури.
„Кога требаше да ја расчистам мојата барака налетав на неколку стари бакарни цевки останати од претходното реновирање. Ги исеков на прстени и почнав да ги поврзувам во сфери“, вели Мајкл. „Првите беа малку груби, но штом ја научив техниката станав креативен. Јас сум колекционер и многу барав наоколу за сите тие клучеви и бакарни жици, кои не се повеќе потребни, а потоа станав креативен и со нив“, додава тој.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.