Прекрасна планинска викендичка
Оваа неодолива дрвена викендичка е направена во 2007 година и се наоѓа во Масачусетс, САД. Овој навидум скромен простор од само 70 метри квадратни е максимално искористен, па иако од него е направена само една огромна соба, во неа се сместени голема кујна, дневен и трпезариски простор, како и два посебни дела за спиење.Внатрешниот и надворешниот дизајн на куќата тотално се вклопуваат со амбиентот во околината. Мебелот, ѕидовите и подот се во кафени и крем тонови, па така создаваат една релаксирачка атмосфера, која е надополнета со прекрасните пејзажи кои можат да се видат низ големите прозорци.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.