Прекрасен бесконечен базен на две нивоа
Бали, Индонезија е дефинитивно познат по своите неверојатни места и фантастични плажи, но покрај со природното, сега можат да се пофалат и со модерното. Во склоп на хотелот „Ubdub Hanging Gardens“ се наоѓа бесконечен базен на две нивоа кој гледа кон густата шума. Базените се дизајнирани така што ги отсликуваат облините и обликот на околните ридови.
До базенот се пристапува од палубата на секоја вила, а нив ги има 38. Гостите можат да пливаат до краевите на базенот, од каде што им се укажува прилика да уживаат во погледот кон прекрасната дождовна шума од едната страна или кон храмот „Pura Penataran Dalem Segara“ кој се наоѓа на другата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Убавини!
ah kako bi bilo ubavo…barem na eden den….opustanje….prekrasno…