Предели насликани како што ги гледа човечкото око

Предели насликани како што ги гледа човечкото око

Пределите во природата предизвикуваат различни расположенија кај нас, а тие постојано се менуваат зависно од промените на временските услови, периодот од денот или годишното време. Вооружени со палета од бои, уметниците имаат за цел да го насликаат она што го гледаат, или како верен приказ или како поетска интерпретација на расположението што глетката го предизвикала кај нив.

Предели како што ги гледа човечкото око

Пред да биде пронајдена фотографијата, пејсажното сликарство било единствен начин визуелно да се забележи некој предел. Дури во времето на романтизмот, од крајот на 18-от век, на пејсажот му било дадено големо значење. Пејсажот, како таков, станал мотив сам за себе и дури тогаш целосно се искористени можностите што тој ги нуди. Погледнете како изгледаат овие пејсажи насликани и фотографирани.

1. Природен мост

Природниот мост во Вирџинија на Дејвид Џонсон од 1960 година, прикажува едно американско чудо на природата. Мајсторската техника и големото внимание што го посветил на деталите, ја прават оваа слика извонредна.

Предели како што ги гледа човечкото окоПредели како што ги гледа човечкото око

2. Санти мраз на Антарктик

Оваа прецизно изработена слика е дело на Иван Ајвазовски од 1870 година. Инспирација за оваа слика му биле експедициите кои ги водел адмиралот Михаил Лазарев од 1788 до 1851 година на Антарктикот.

Предели како што ги гледа човечкото окоПредели како што ги гледа човечкото око

3. Бел Ил

Служејќи се со кратки потези карактеристични за импресионистичката техника, Клод Моне ја уловил светлината на немирното море на сликата Карпата Бел Ил (1886 г.) крај брегот на Бретања.

Предели како што ги гледа човечкото окоПредели како што ги гледа човечкото око

4. Јелоустоун

Во 1871 година Томас Моран ù се придружил на геодетската екипа која одела во Јелоустоун на Карпестите Планини. Неговите слики помогнале во убедување на Конгресот да го прогласи Јелоустоун за прв национален парк во Америка.

Предели како што ги гледа човечкото окоПредели како што ги гледа човечкото око

5. Фингалова пештера

Сликарот Тарнер ја посетил Фингаловата пештера на островот Стафа во Шкотска во 1831 година. Врз него, најсилен впечаток оставил облакот што бил растргнат од ветрот во предвечерјето.

Предели како што ги гледа човечкото окоПредели како што ги гледа човечкото око

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    pffff vrska nema so gledanje kako covecko oko

Остави коментар