Празен покрив на зграда претворен во модерен стаклен дом кој се извива кон небото

Искористувајќи го празниот простор на врвот на една зграда, тајванската архитектонска фирма „WARchitect“ искреирала вистинска оаза во центарот на Бангкок. Апартманот „без рабови“ наречен Skyscape (небесен хоризонт) изгледа како да е самостојна градба, а всушност е искачен врз 5-катна зграда. Земајќи го просторот кој претходно служел само за чување резервоари со вода, ова студио го има трансформирано празниот покрив во место за живеење за сопственикот на зградата.

Празен покрив на зграда претворен во модерен стаклен дом кој се извива кон небото

Со цел да се осигури дека малиот простор за живеење ќе биде дискретен, а сепак ќе ги исполнува потребите на сопственикот на имотот, применети се неколку паметни трикови. Апартманот е скриен од јавните патишта со цел да се избегне груб контраст помеѓу дрвено-стаклената „кутија“ и зградата одоздола.

Големите стаклени врати од подот до таванот не само што овозможуваат панорамска глетка, туку и креираат илузија за просторот во рамките на површина 150 метри квадратни.

„Сакавме тоа да биде само кутија без рабови која се издига одникаде кон небото. Како дебелината на ѕидовите и кровот да не постојат, но сепак да може да се направат дупки на таванот за да се инсталираат завеси, клима уреди и вградени светла“, велат архитектите.

„Нашата намера беше да создадеме илузија како целиот таван да е во иста линија, иако воведовме спуштен таван и косина кои намерно беа применети за ѕидовите и таванот да изгледаат тенки.“

Со цел да ги задоволат желбите на клиентот, кој сакал приватно живеалиште, архитектите се фокусирале на основните животни потреби. Сите соби се поставени околу централен двор кој е видлив од сите агли, обезбедувајќи малку зеленило кое се издига нагоре кон небото. Со минималната употреба на мебел, архитектите го максимизирале просторот и му дозволиле на ентериерот слободно да диши.

Дневната, купатилото, кујната и собата се поврзани со надворешната средина благодарение на широкиот поглед кон дистриктот Лат Прао во Бангкок. Огромната панорама е во контраст со топлината на ентериерот.

Резултатот од работата на студиото „WARchitect“ е доказ дека најдобрите архитектонски изведби се случуваат во ситуациите кога просторот е ограничен. Апартманот се одликува и со убавина и со функционалност, па претставува водечки пример за нов урбан начин на живеење.

Погледнете го и овој волшебен дом кој го воодушеви целиот Инстаграм.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар