Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
Австралискиот артист Гај Витби или познат под псевдонимот WorkByKnight (WBK) ги изработува овие фантастични портрети користејќи електронски отпад или подобро кажано тој создава слики од познати пејачи, глумци, политичари и слично со помош на копчиња од тастатури, калкулатори, телефони и машини за куцање.

Дејвид Бекам
Употребувајќи ја својата вештина секое копче на неговата слика претставува еден пиксел. Резултатот од неговата работа е навистина фантастичен, а во неговата галерија можат да се најдат околу 1.000 слики. Доколку имате проблем да препознаете некое од лицата на неговите изработки, оддалечете се од екранот или погледнете со подзамижани очи.

Мерлин Монро

Мајкл Џексон

Боно Вокс

Салвадор Дали

Стив Џобс

Марк Цукерберг

Нелсон Мандела

Боб Марли
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.