Познат тату артист бесплатно ги тетовирал луѓето што дозволиле тој да им избере дизајн
Скот Кемпбел е познат тату артист од Бруклин, Њујорк, кој на своите клиенти им направил тест за доверба во неговата работа. Имено, тој решил бесплатно да ги тетовира оние кои ќе му дозволат тој да го одбере дизајнот на тетоважата и да не ја погледнат истата додека не биде готова. Името на овој проект е „Целосна слава“ (Whole Glory).
Довербата на овие луѓе кои се согласиле да ја протнат раката во дупка на ѕидот за да добијат бесплатна тетоважа не е неоснована. Кемпбел има тетовирано познати личности како што се Марк Џејкобс, Орландо Блум и Пенелопе Круз. И покрај тоа, тој им се заблагодарува на сите кои ја покажале нивната доверба во уметноста што ја создава.
Погледнете ги следниве фотографии од интересните тетоважи кои ги добиле најхрабрите клиенти…