Постери за книги, направени од нивниот текст
Постерите направени од фирмата „Postertext“ ви овозможуваат да ја обесите вашата омилена книга на ѕид, буквално. Сите постери се направени од самиот текст во книгата, прецизно нареден за да отслика некоја од незаборавните сцени.
Бидејќи е невозможно целиот текст да се вметне во постерот, обично се опфаќа текстот од првите неколку поглавја, со исклучок на неколку, во кои е употребен текст од целата книга. Фонтот е доволно голем за некој со нормален вид да може да го прочита, без визуелни помагала.

„Авантурите на Шерлок Холмс“ - Артур Конан Дојл
Овие експресивни постери претставуваат одличен декоративен елемент за вашата канцеларија или дневна соба. Можат да бидат и добар поклон за љубителите на книги, а најинтересното е што можете да ги нарачате онлајн за цена од 24 до 35 долари, зависно од вашиот избор.

„Авантурите на Том Соер“ - Марк Твен

„Дракула“ - Брам Стоке

„Моби Дик“ - Херман Мелвил

„Грофот Монте Кристо“ - Александар Дима

„20 000 милји под морето“ - Жил Верн

„Војна на световите“ - Херберт Џорџ Велс