Последниот оброк на неколку осудени убијци

Последниот оброк на неколку осудени убијци

Jonathon Kambouris е роден во 1981 година во Детроит, Мичиген. Во 2001 година, се сели во Њујорк каде почнува да студира фотографија на Parson The New School for Design. Од тогаш, па сѐ до денес Џонатон фотографира за многу списанија и реклами.

Еден од неговите проекти е насловен „Last meal“ (Последниот оброк) кој се состои од фотографии од затвореници осудени за убиство и листа на продукти од нивните последни оброци кој го изеле пред да бидат егзекутирани. Авторот за овој проект вели:

„Го направив овој проект за да ја истражам интересната и уникатна врска која ја имаат луѓето со храната. Во овој случај, храната ја употребувам како метафора за да го покренам прашањето за смртната казна.“

Погледнете дел од проектот:

Последниот оброк на неколку осудени убијци

  • Име: Daniel Harold Rolling
  • Последен оброк: опашка од јастог, ракче и пита од јагоди
  • Егзекутиран на: 25 октомври 2006 година во Флорида
  • Смртна казна: смртоносна инјекција

Последниот оброк на неколку осудени убијци

  • Име: Gerald Lee Mitchell
  • Последен оброк: едно ќесе американски бомбони
  • Егзекутиран на: 22 октомври 2001 година во Тексас
  • Смртна казна: смртоносна инјекција

Последниот оброк на неколку осудени убијци

  • Име: Reginald Lenard Reeves
  • Последен оброк: четири парчиња пржено пилешко и две лименки Кока кола
  • Егзекутиран на: 9 мај 2002 година во Тексас
  • Смртна казна: смртоносна инјекција

Последниот оброк на неколку осудени убијци

  • Име: Aileen Carol Wuornos
  • Последен оброк: една чаша кафе
  • Егзекутирана на: 9 октомври 2002 година во Флорида
  • Смртна казна: смртоносна инјекција

Последниот оброк на неколку осудени убијци

  • Име: Victor Feguer
  • Последен оброк: маслинка со семка
  • Егзекутиран на: 15 март 1963 година во Ајова
  • Смртна казна: смртоносна инјекција

Последниот оброк на неколку осудени убијци

  • Име: Timothy McVeigh
  • Последен оброк: две чашки сладолед од нане со чоколадни трошки
  • Егзекутиран на: 11 јуни 2001 година во Индијана
  • Смртна казна: смрт со бесење

Последниот оброк на неколку осудени убијци

  • Име: Gary Leon Brown
  • Последен оброк: сладолед-сендвич
  • Егзекутиран на: 24 април 2003 во Алабама
  • Смртна казна: смртоносна инјекција

Последниот оброк на неколку осудени убијци

  • Име: Ted Bundy
  • Последен оброк: стек, јајца, пржени компири и кафе
  • Егзекутиран на: 24 јануари 1989 година во Флорида
  • Смртна казна: електрична столица

Последниот оброк на неколку осудени убијци

  • Име: Jonathan Wayne Nobles
  • Последен оброк: црвено вино и парче леб
  • Егзекутиран на: 7 октомври 1998 година во Тексас
  • Смртна казна: смртоносна инјекција



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Anomis Reply

    jas imam jadeno kako bombonite na toj hahah….mn se ubavi…zatoa i gi odbral 😀

Остави коментар