Портрети на компири

Портрети на компири

Гиној Чуеири е либански уметник што живее во Бејрут и прави портрети на компири. Таа има направено стотици портрети од компири кои ги расте, меѓутоа на крајот остануваат и скапуваат бидејќи би било премногу вознемирувачки некој да ги јаде.портрети на компирипортрети на компириПодземните зеленчуци се нејзиниот уметнички прибор поради сличностите што ги наоѓа меѓу компирот и човечката глава. Чуеири укажува дека „тие доаѓаат во различни големини, форми и нијанси“. Компирите растат, се развиваат и потоа гнијат, отсликувајќи го краткотрајното постоење и кршливоста на нашата човечка природа.
.

Не сум сигурна дали портретите на компири се претстава на некои мои пријатели или некои познати личности. Некој да не се препознал? Тие дефинитивно немаат карактер, посебно не кога се наоѓаат во вреќи.

портрети на компири.

„Компирите и луѓето имаат многу заеднички нешта. Доаѓаме во различни форми, големини и нијанси. Нашата кожа е порозна со лузни и пеги и со текот на времето неизбежно старее. За да се долови оваа идеја, еве една инсталација на повеќе од илјада портрети, кои се трансформации на луѓето што ги познавам, рандом луѓе кои ќе ги забележам на улица, сè тоа спакувано како потртрет на компири. Го избрав компирот да го портретира лицето на човекот поради многубројните паралели кои ги напоменав. Не само што нивната лушпа е порозна, туку и самата текстура и боја потсетува на нашата кожа.“ – вели Гиној

портрети на компирипортрети на компирипортрети на компирипортрети на компирипортрети на компирипортрети на компирипортрети на компирипортрети на компири


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Anngie. Reply

    морбидно!

Остави коментар