Портрет изработен од 3,2 милиони точки

Портрет изработен од 3,2 милиони точки

Автор: Весна Јовановска

Со над 3 милиони точки и само еден рапитограф, уметникот Мигуел Ендара насликал портрет на својот татко.

Портрет изработен од 3,2 милиони точки

Користејќи ја техниката поинтилизам, тој од обична слика направена на фотокопир изработил неверојатно добро и прецизно уметничко дело, за кое му биле потребни точно 210 часа. Ендара тврди дека уште пред да започне со пресликување на фотокопираното лице на татка си, знаел отприлика колку точки ќе стави на хартијата. Бројот на точки што ги правел во една секунда, го помножил со часовите предвидени за изработка на портретот и ја добил вредноста 3,2 милиони.

Портрет изработен од 3,2 милиони точки

Не бил сигурен само колку рапитографи ќе му бидат потребни, па уште пред да започне со сликањето, добро се опремил. Но, сепак, од почетокот до крајот на овој макотрпен процес, Ендара искористил само еден од нив. Портретот го нарекол „Херој“ и истиот не е на продажба, но за заинтересираните подготвува ограничен број копии од ова уметничко дело.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. blablakovski Reply

    ne sfakam ovdeka tatko mu kako e nacrtan lega na staklo ili sto e rabotata.dobra raka

Остави коментар