Порцеланска елка направена од 5.000 чинии
Додека во нашиот Градски парк полека станa традиција да се прави новогодишна елка од пластични шишиња, со цел да се подигне еколошката свест, Белгијците дошле до една поинаква идеја. Inge Vanluyd и Stefan Vanbergen од белгиската компанија Mooz решиле да направат порцеланска елка од 5.000 чинии, со висина од 9 метри. Тие дошле до оваа идеја, тргнувајќи од помислата дека сите дома чуваме некои чудни чинии и шолји, кои не ги користиме за ништо и кои никогаш не ја напуштаат кујната. Овие двајца најпрвин забележале дека и нивните пријатели и семејства, исто така имаат вишок чинии, кои бесцелно ги чуваат дома. Тоа им било доволна причина, да смислат креативен начин да ги дислоцираат овие предмети. За изградбата на оваа елка, чинии донирале дури 3.000 луѓе, а симболично ја нарекуваат „Capital of Taste“. Мораме да признаеме дека идејата е необична, но добиениот резултат е магичен!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Prekrasna e!