Пораки до дизајнери испратени од незадоволни клиенти
Работата на дизајнерите е многу креативна и интересна, барем така е додека не ги добијат забелешките од нивните клиенти. Некои се строги, други имаат чудни забелешки, трети бараат премногу.
Креативната заедница на Ирска, која ја сочинуваат дизајнери, аниматори, илустратори и директори, ги избрале најинтересните лоши реакции од незадоволните клиенти и ги дотерале во вид на постери во А3 формат. Парите од продажбата на постерите, кои чинеле по 10 евра од парче, се искористени за помош на детската болница Temple Street. Во продолжение погледнете го нашиот избор на најинтересните постери, секако во дигитална форма.

Мора да го тргнеме увото на бебето или барем да му го прилепиме малку до главата

Го испечатив, но анимираниот gif не се движи?

„Треба да имаме повеќе слики од групи луѓе кои се забавуваат на неспецифични начини“

Срцето ми кажува дека треба да користиш повеќе црвена боја...

Направете го логото ПОГОЛЕМО

„Може жената на сликата да личи дека согорува 300 калории?“

Може да направиме да личи малку повеќе на лето?

Може да го направиме прасето посекси?

Ќе знам што сакам кога ќе го видам тоа

Може да употребите повеќе фонтови?

Навистина ми се допаѓа бојата, но може да ја смените?

Ни се допаѓа вашиот стил.
Но, ако може да ги направите карактерите да изгледаат по... ммм... нормално, би било супер.
Обидете се со потенка црна линија, многу повеќе боја... и отстранете ја текстурата.
И да, ни треба за утре до пладне.

Го направив ова дома во Мајкрософт Пејнт. Може да направите да изгледа вака?

Може да го свртите во Фотошоп за да можеме да видиме повеќе од предниот дел...?

Имаш Mac или PC?
Имам Dell Hell (пекол)

Клиентот: Не губете време или не знам што* туку ако сакате променете ги завршените дизајни** за да можам да видам како точно ќе изгледа идејата во сите варијанти за онлајн и офлајн медиуми
Одговор: Го сакате ова за секоја корекција или само за оние што ќе ги изберете дека ви се допаѓаат? Не е проблем***.
*Не ми наплатувајте
**Окси и морон во комбинација
***Невистина

Коњов изгледа како зебра

Таа е премногу стара за да биде баба. Може да го поправиме тоа во објавата?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.