Полици, огледала и уметност: 10 најдобри начини за декорирање на малата бања
Доколку вашиот дом не доаѓа во пакет со голема и просторна бања, тоа не е причина за паника. Малите простории може да изгледаат подеднакво добро како и оние поголемите. Клучно е како ќе го уредите просторот со кој располагате и колку практично ќе размислувате. Ние за вас избравме десет најдобри примери за уредување на малата бања и начини како максимално да го искористите вашиот простор.
1. Основното правило кога е малата бања во прашање е да користите корпи за организирање на работите, како сапуни, тупфери и останатите ситници. Тие крпи можете да ги закачете со пешкирите и на тој начин максимално да го искористите просторот.
2. Ваква модерна масичка совршено ќе се вклопи во вашата мала бања, со оглед на тоа дека не зафаќа премногу место, а притоа ќе направи вашата бања да изгледа шик и модерно.
3. Секој простор може да се искористи, па дури и оној за кој воопшто нема да се досетите. Можете да чувате различни бјути производи, како и сето она за кое не сте имале место во бањата, така што ќе го искористите просторот под лавабото кој најчесто е празен. Можете да ставите некои полици или едноставно декоративни корпи.
4. Општо е познато дека големите огледала ја прават просторијата да изгледа поголемо отколку што всушност е. Па така, доколку закачите на ѕидот од вашата бања големо огледало таа со самото тоа ќе изгледа значително поголемо и просторно.
5. Скалите се одлична опција за просториите со недостаток на простор, токму заради тоа што тие заземаат значително помалку место, а се протегаат во висина и на нив може да се закачат пешкири, четки, па дури и билки. Можете да ги искористите како дополнителен ѕид на кој ќе ставите многу нешта, а освен тоа, ќе изгледаат доста убаво и совршено декорирано во некој ќош.
На следната страна погледнете уште неколку начини како да заштедите простор во вашата бања.