Поинаква примена на прстите од рацете
Лондонскиот фотограф Реј Масеј се поврзал со талентирана сликарка која црта по човечки тела, Ени Рали, која успеала да ги трансформира овие прсти во архитектура, спортски сцени и други интересни објекти.
Овие неверојатни илузии со раце, се составен дел од маркетинг кампања на „Ecclesiastical Insurance“, осигурителна компанија, која го користи слоганот „Вие сте во добри раце“.
Ени вели дека цртањето по тело е многу педантна работа, која мора многу брзо да се заврши, бидејќи бојата не е толку долготрајна кога се мачка на жива и подвижна основа. Без разлика на тоа, таа смета дека оваа работа е многу забавна и дека резултатите се прекрасни. Ќе се сложите?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.