Погледнете зошто Финска го има најдраматичното небо во светот
Небото над Финска е природна убавина и предизвик за многу фотографи од целиот свет. Тоа го покажува и финскиот фотограф, Мико Лагерстед со неговите неверојатни небесни фотографии. Овој природен феномен е главната причина што Финска го има најдраматичното небо од целиот свет.
Која е причината за оваа поларна светлина која изгледа толку убаво на фотографиите?
Поларната светлина или аурора е предизвикана од наелектризираните честички на Сонцето (соларна енергија) кои доаѓаат во интеракција со горниот дел од атмосферата на Земјата, на тој начин креирајќи живописно блескава светлина која е видлива со голо око. Овие честички се привлечени од магнетното поле на Северниот или Јужниот пол на Земјата, што резултира со северна поларна светлина (aurora borealis) наспроти која се јавува јужната поларна светлина (aurora australis). Финска е една од ретките земји каде со голо око може да се ужива во убавините кои ги исцртува северната поларна светлина.
Боите над финското небото играат слободно и прикажуваат една поинаква магијата на преубав начин. Уживајте во фотографиите на Мико.