Погледнете како оваа неверојатна мејкап артистка се трансформира во Мона Лиза
Откако добила безброј позитивни реакции на видеото со Мона Лиза, таа решила да види и за што друго е способна. Така, решила да ја продолжи тематиката со Леонардо Да Винчи, па овој пат се трансформирала во делото „Дама со хермелин“.
„Кога ќе го погледнете вашето лице како бел лист хартија, ќе сфатите дека можностите ви се неограничени“, вели Хе Јохонг.
Нејзината трансформација во Тејлор Свифт е шокантно прецизна.
Рекреацијата во Тилда Свинтон, исто така го одзема здивот. Нема сомневање дека луѓето не би сфатиле дека таа не е Тилда, доколку се прошета вака нашминкана по улица.
Еве ја и нејзината трансформација во Кејт Бланшет, којашто изгледа подеднакво совршено.
Во трансформацијата во Селена Гомез, лицето ѝ изгледа беспрекорно, а усните и очите многу потсетуваат на тие на Селена.
Талентот на оваа мејкап артистка, дефинитивно нема граници!
Може да ве интересираат и разните трансформации во познати мажи и жени, на друга позната уметница…